Минаа 45 дена од последната активност за сезоната 2024/25 и прославата на шампионската титула во Битола и ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно се во работна атмосфера.
Денес со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26.
На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и дел од новите ракометари во ростерот. Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт ќе се приклучат викендов за медицинските тестови.
На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.
Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷