Еурофарм Пелистер и Филип Ивиќ спогодбено ја прекинаа соработката

Еурофарм Пелистер и ракометарот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката една година пред истекот на договорот.

Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија.

“Клубот му се заблагодарува на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона. Му посакуваме успех во следниот предизвик во кариерата”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *