Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето во Шпанија, кај тимот на Бидасоа Ирун со резултат 32-20 во Лигата на Европа.
Бидасоа Ирун на полувреме имаше висока предност од 20-12. Во второто полувреме Бидасоа Ирун продолжи да ја зголемува разликата, за на крај да го порази Еурофарм Пелистер катастрофално.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Себастијан Хенеберг и Марио Танкоски со по четири гола, додека кај екипата на Бидасоа Ирун најефикасен беше Каваро со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷