Еурофарм Пелистер лесно против Алкалоид во Купот

Еурофарм Пелистер забележа лесна победа против Алкалоид со конечни 32-26 во Купот и се пласира во финалето од Групата В.

Од почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер го презеде водството, и на полувреме имаше предност од 16-13. Во вториот дел продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер и оствари победа против Алкалоид во Купот.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со пет погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Игор Ѓорѓиев со шест погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести