Еурофарм Пелистер лесно се справи против Тиквеш за пласман на Ф4 турнирот во Купот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер немаа проблеми со Тиквеш и славеа со конечни 36-30 и се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Иако Тиквеш отвори со водство, сепак Еурофарм Пелистер имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар.

Најдобар стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер беше Гоце Ојлески со осум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш најдобар стрелец беше Страхиња Симиќ со шест погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести