Екипата на Еурофарм Пелистер забележа лесна и убедлива победа против тимот на Струга со 34-23 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 16-9.
Најдобар стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер беше Денис Василев со шест погодоци, додека кај Струга најдобри стрелци беа Александар Тренчевски и Мерис Бошњак со по осум погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷