Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Куманово со конечни 45-20 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме имаше висока предност од 20-8, па така немаше проблеми против составот на Куманово.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со осум гола, додека кај Куманово најефикасни беа Александар Стојков и Борјан Цековски со по четири гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








