Екипата на Еурофарм Пелистер забележа лесна и убедлива победа против Куманово со високи 43-19 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди во првото полувреме, кога на пауза водеше со високи 22-10.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со 14 погодоци, додека кај Куманово најефикасен беше Христијан Вујичевски со 6 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








