Екипата на Еурофарм Пелистер за прв пат ќе игра на Ф4 турнирот во Задар во СЕХА лигата, откако на пенали го совлада тимот на Мешков Брест со 27-26 и регуларен дел 23-23.
Еурофарм Пелистер имаше контрола на резултатот и на полувреме замина со предност од 11-10. Во второто полувреме двете екипи одиграа рамноправно, па на крај натпреварот заврши нерешено и се решаваше на пенали, каде што победи Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Руди Сери со шест гола, додека кај екипата на Мешков Брест најефикасен беше Микалаи Алиохин со седум гола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷