Двата тима на Еурофарм Пелистер ги завршија подготовките за 2021 година, неколку играчи од двата тима имаат репрезентативни обврски и ќе им се посветат на репрезентациите.
Еурофарм Пелистер на 12 јануари 2022 година ќе ги започне подготовките за текот на сезоната. Подоцнежниот тек на подготовките, припремните фази и контролните натпревари дополнително ќе бидат одредени.
А екипата на Еурофарм Пелистер 2 подготовките ќе ги започне на 10 јануари 2022 година. Дополнително ќе бидат одредени контролните натпревари во претсезоната.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷