Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со високи 30-17.
Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на пауза замина со предност од 15-9. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер ја заврши работата против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со шест гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасни беа Мартин Димов и Томислав Димковски со по три гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷