Еурофарм Пелистер по повод 70 години постоење на денот на ревијалниот натпревар организира отворена трибина.
На отворената трибина која ќе се одржи во кино “Манаки” на 27 декември (сабота) со почеток од 12:00 часот ќе зборуваат претседателот на клубот Зоран Стерјев, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ракометни авторитети.
“Како дел од содржините за нашето прославување седум децении постоење на клубот, организираме отворена јавна трибина со актуелни ракометни теми поврзани со нашиот клуб и македонскиот ракомет. На трибината ќе зборуваат претседателот на клубот, Зоран Стерјев, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ракометни авторитети”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








