Тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде ослабен на гостувањето во Франција кај екипата на Ним во натпревар од Лигата на Европа.
Од клубот известија дека Матео Мараш и Немања Обрадовиќ излегоја позитивни на ПЦР тестовите. Исто така и Јосип Периќ поради болест неможи да настапи и Мирко Радовиќ поради повреда исто така и тој нема да настапи. Еурофарм Пелистер ќе патува со 14 ракометари во Франција.
Повикани ракометари: Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Дејан Кукуловски, Стипе Мандалиниќ, Реиние Табоада, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Јосип Божиќ Павлетиќ, Ненад Костески, Елмир Граџан, Никола Маркоски, Милорад Кукоски.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷