Екипата на Еурофарм Пелистер иако парираше во текот на целиот натпревар сепак загуби од ПСЖ со 33-27 во Лигата на шампионите.
На полувреме резултатот гласеше 16-16. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер имаше и водство, но ПСЖ се врати за на крај да слави победа.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со пет гола, додека кај ПСЖ најефикасен беше Пранди со 11 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷