Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против Тинекс Пролет со 32-29 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Еурофарм Пелистер на полувреме имаше предност од 16-13, па на крај се радуваше на победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 17 погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасни беа Томислав Димковски и Ласко Андоновски со по шест погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷