Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа на гостувањето кај екипата на Бутел Скопје со резултат 29-24 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше подобра игра, за на крај да го совлада Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со девет голови, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со седум голови.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷