Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Тинекс Пролет со конечни 31-25 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер и на полувреме имаше водство од 14-11, па така продолжи и во второто полувреме за на крај да слави победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со осум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со девет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








