Составот на Еурофарм Пелистер славеше победа на братскиот дуел против Еурофарм Пелистер 2 со 38-20.
Екипата на Еурофарм Пелистер без проблеми во првото полувреме го имаше водството од 18-9. Во второто полувреме продолжи добрата серија на Еурофарм Пелистер, додека Еурофарм Пелистер 2 немаше сили за да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најдобар стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со десет погодоци, додека најдобар стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Емилијан Ѓорговски со пет погодоци.
Рк Еурофарм Пелистер 2 20-38 Рк Еурофарм Пелистер


(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷