Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа пријателски натпревар, на кој подобра беше екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 28-26.
На полувремето двете екипи имаа нерешено 13-13. Потоа продолжи добрата игра на двете екипи, за на крај победа да извојува првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Немања Обрадовиќ со пет погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Димитар Димитриоски со шест погодоци.
Рк Еурофарм Пелистер 28-26 Рк Еурофарм Пелистер 2
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷