Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од тимот на Фуксе Берлин со 30-22 во 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите.
Тимот на Фуксе Берлин добро го започна натпреварот па до полувремето обезбеди предност од 15-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Фуксе Берлин, па на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со пет гола, додека кај Фуксе Берлин најефикасен беше Ласе Андерсон со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷