Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата.
Дел од репрезентативците се придружија на подготовките за втората полусезона, откако добија пет дена одмор по завршувањето со настапите на Европското првенство.
Се приклучија репрезентативците на Македонија, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Никола Митревски, Самоил Ристевски и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ, како и Анџеј Видомски од Полска.
По завршувањето на настапите на Европското првенство треба да се приклучат и Ник Хенигман и Домен Тајник, а исто така и Хеидарирад и Хакбарт.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷















