Еурофарм Пелистер против Нексе го завери четвртфиналето во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Нексе со резултат 27-23 и од второто место во групата А го завери четвртфиналето во СЕХА лигата.

На овој натпревар на клупата дебитираше дуото Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, па нивното претставување пред публиката во „Боро Чурлевски“ беше одлично.

Еурофарм Пелистер на полувреме имаше предност од 14-11. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер не му дозволи на Нексе да дојде до позитивен резултат, и успеа да го совлада тимот од Нашице.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Денис Василев со шест гола, додека кај екипата на Нексе најефикасни беа Северец и Мославац со по четири гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести