Процесот на доведување млади македонските ракометари во редовите на Еурофарм Пелистер продолжува.
Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обрвза на две ипол годишен договор со клубот. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете.
Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.
Давид Брестовац веднаш ќе се приклучи на екипата и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Неговото претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷