Еурофарм Пелистер се пофали со ракометарот од Данска, Андреас Јохан Нилсен

Екипата на Еурофарм Пелистер за новата сезона се засили со ракометарот од Данска, Андреас Јохан Нилсен.

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност.

25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести