Еурофарм Пелистер сигурен против Тинекс Пролет во Супер лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со конечни 23-28 во натпревар од Супер лигата.

Екипата на Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше водство од 12-13. Во вториот дел битолскиот тим ја зголеми предноста, за на крај да слави победа кај екипата на Тинекс Пролет.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со шест погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Дејан Пецаковски со осум погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести