Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Фруитленд Борец со 45-31 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да слави против Фруитленд Борец.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со шест гола, додека кај Фруитленд Борец најефикасен беше Ивица Илиев со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷