Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај екипата на Алкалоид со конечни 29-23 во плеј-офот од Супер лигата.
Иако во првиот дел беше израмнето, сепак тимот на Еурофарм Пелистер направи солидна предност, па на крај да слави против Алкалоид.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест гола, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Александар Петковски исто така со шест гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷