Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Вардар со конечни 28-23 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај славеше победа против Вардар.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со девет гола, додека кај Вардар најефикасни беа Дмитро Горига и Урош Митровиќ со по пет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








