Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш со резултат 32-27 во 1. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Во првото полувреме Тиквеш беше рамноправен, но во второто полувреме Еурофарм Пелистер со добра игра успеа да слави во Кавадарци.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 12 гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Игор Кривокапиќ со 10 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷