Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Тиквеш со конечни 29-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Тиквеш парираше во текот на целиот натпревар, но сепак на крај на победа се радуваше тимот на Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со десет гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Славчо Шулески со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷