Еурофарм Пелистер со победа против Охрид ја прослави титулата во Супер лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Охрид со резултат 28-25, и е нов шампион на Македонија.

Тимот на Еурофарм Пелистер на пауза обезбеди предност од 14-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра, па на крај битолскиот тим да се радува на победа против охридскиот тим.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со девет гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Стефан Дрогришки со пет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести