Еурофарм Пелистер со победа против Партизан ја отвори новата СЕХА сезона

Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше кај екипата на Партизан со 25-23 во првото коло од Сеха лигата.

Од почетокот на средбата беше неизвесен дуел, но на полувремето битолчани имаа предност од 13-10. Во вториот дел Партизан успеваше да се врати но неможеше да им парира на битолчани, за на крај да ја забележат првата победа во Сеха лигата.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Матео Мараш со седум погодоци, додека кај екипата на Партизан најефикасен беше Никола Зечевиќ со пет погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести