Еурофарм

Еурофарм Пелистер со победа против Струга, се спреми за клучниот меч со Вардар

Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше на гостински терен против Струга со убедливи 31-22.

Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар доминираше на теренот во Струга. На полувреме гостинската екипа имаше водство од 17-13. Вториот дел беше само формалност за Еурофарм Пелистер да ја завери победата.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ Павлетиќ со пет погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Пеце Ѓорѓиоски со пет погодоци.

Рк Струга 22-31 Рк Еурофарм Пелистер

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести