Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против Тиквеш со конечни 30-25 во првото коло од плеј-офот во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот го презеде водството, и на пауза имаше предност од 15-11. Во вториот дел продолжи добрата игра на битолчани за на крај да забележат победа против кавадарчани.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Реиние Табоада со седум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Стефан Дрогришки со шест погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷