Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.
На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба.
Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија Мал битолски монмартр).
Од првиот тим си заминуваат Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски и тренерот Жељко Бабиќ. Од вториот тим си заминуваат Милан Ѓукиќ и Благојче Трајкоски.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷