Тимот на Еурофарм Пелистер ги освои трите бода во натпревар од Супер лигата, откако на гости го совлада тимот на Скопје 2020 со конечни 25-20.
Еурофарм Пелистер имаше целосна контрола на резултатот во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 12-8. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер, за на крај да слави против Скопје 2020.
Најдобар стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер беше Себастијан Хененберг со осум погодоци, додека во тимот на Скопје 2020 најдобар стрелец беше Игор Трајковски со шест погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷