Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Куманово со 46-26 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 25-12.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со шест гола, додека кај Куманово најефикасни беа Хен и Де Силва со по пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷