Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24.
Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.
На прозивката беа присутни новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте. Утре во 8:30 часот изутрина експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷