Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги почнаа подготовките за сезоната 2024/25. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ прозиваше тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб.
Повикани ракометари за почетокот на подготовките: Никола Митревски, Филип Ивиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Урош Борзаш, Филип Кузмановски (капитен), Домен Тајник, Павле Атанасијевиќ, Павле Петровиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Кајо Цикетиќ, Жарко Пешевски.
Кон екипата за подготовките се приклучени тројца ракомтари на Еурофарм Пелистер 2: Богдан Мијушковиќ, Василије Печурица и Алем Хоџиќ.
Екипата ќе се подотвува во Битола до 4 август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор. Таму се предвидени два контролни натпревари. По враќањето од Србија, шампионот на Македонија ќе настапи на три подготвителни турнири до почетокот на официјалните натпревари.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷