Новиот стручен штаб на Еурофарм Пелистер, денеска го имаше првиот тренинг со ракометарите во салата “Боро Чурлевски”.
Еурофарм Пелистер во следниот период ќе биде предводен од тренерите Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.
Официјално двајцата тренери ќе бидат промовирани утре во клупските простории на клубот. На првиот собир присутен беше и првиот човек на клубот, Зоран Стерјев.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷