Еурофарм Пелистер триумфално против Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја совладаа екипата на Охрид со конечни 29-23 во плеј-офот во Супер лигата.

Еурофарм Пелистер направи добра серија во првото полувреме, и на полувреме замина со предност од 16-13. Во вториот дел Охрид се обидуваше да направи пресврт но не успеа, за на крај да се задоволи само со пораз од Еурофарм Пелистер.

Најдобар стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со пет погодоци, додека кај екипата на Охрид најдобар стрелец беше Филип Николов со шест гола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести