Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш со резултат 31-27 во 1. коло од Супер лигата.
Иако на полувреме Тиквеш имаше водство од 17-15, сепак на крјаот од натпреварот Еурофарм Пелистер оствари победа.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Жарко Пешевски со осум гола, додека кај Тиквеш најефикасни беа Кристијан Анастасовски и Ани Обина со по пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷