Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа против екипата на Алкалоид со конечен резултат 35-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер и на полувреме имаше предност од 16-12. Во второто полувреме тимот од Битола продолжи со водството, па на крај да слави победа против тимот од Скопје.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Нејц Цехте со 12 погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Дамјан Митев со 6 погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷