Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа против Куманово во полуфиналето од Купот на Македонија со резултат 33-21.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот беше во водство, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Куманово.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Никола Костески со седум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Немања Ѓурашковиќ со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷