Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија убедлива победа против екипата на Куманово со високи 35-23 во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победата против Куманово.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со девет гола, додека кај Куманово најефикасен беше Винициус со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷