Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа против тимот на Охрид со резултат 32-24.
Тимот на Еурофарм Пелистер успеа на полувреме да обезбеди висока предност од 17-8. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот на Охрид.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Жарко Пешевски и Ненад Костески со по шест погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Ерај Каракоч со седум погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷