Еурофарм Пелистер убедлив против Скопје 2020 во Супер лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа против Скопје 2020 со резултат 32-17 во првото коло од Супер лигата.

Еурофарм Пелистер уште од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 17-6. Во второто полувреме беше заверена победата против Скопје 2020.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со шест гола, додека кај тимот на Скопје 2020 најефикасен беше Леонид Киселовски со пет гола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести