Еурофарм Пелистер четврта година по ред најдобра екипа во Општина Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер четврта година по ред е екипа на годината во изборот на Општинскиот сојуз на спортови – Битола.

Признанието за постигнувањата во 2022 година го подигна директорот на клубот, Димитар Митревски. Во изборот на десетте најдобри спортисти на градот, второто место му припадна на Ненад Костески, а четвртопласиран заврши Петар Атанасијевиќ.

Легендарниот ракометар и тренер на битолскиот тим, Цане Крстевски доби награда за животно дело и со овации беше испратен од преполната сала на Битолскиот народен театар.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести