Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против тимот на Бутел Скопје со резултат 24-23 во плеј-офот.
На полувреме Бутел Скопје имаше предност од 13-9. Во второто полувреме екипата на Еурофарм Пелистер 2 успеа да се врати, па во последните секунди да дојде до победа против Бутел Скопје.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Петровиќ и Никола Стоилевски со по шест погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со осум погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷