Еурофарм Пелистер 2 ги претстави Ивановски, Печурица и Јовановски

РК Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави трите засилувања за сезоната 2022/23.

Нови членови на екипата која ќе ја претставува Македонија во квалификациите на ЕХФ Лига Европа се Мартин Ивановски, кој дојде од Охрид, Василије Печурица од Струга и Мартин Јовановски, кој се врати во матичниот клуб од Германија.

“Мојот младински тренер Сашо Ристески контактираше со тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ и така дојде до трансферот. Јас се согласив, условите ги прифатив и мислам дека ова е чекор напред и отскочна даска во мојата кариера.Овој колектив е одличен, екипата е уште помлада од минатогодишната. Добро ме прифатија соиграчите, се чувствувам скоро како дома и се надевам на успех”, – изјави Мартин Ивановски.

“Дојдов оваа година во Македонија, откако Никола Матовиќ се повреди и ми отстапи место во Струга. Така започнав да ги покажувам моите квалитети во македонската лига. Јуниорски репрезентативец сум на Црна Гора, имам искуство од неодамна завршеното Европско првенство и заедно со мојот менаџер Милош Павичевиќ одлучивме да дојдам овде. Заедно заклучивме дека ова е едно од најдобрите решенија за мене. Мојата амбиција е ова да ми биде отскочна даска за понатаму”, – изјави Василије Печурица.

“Драго ми е што се враќам дома. Амбиентот што го затекнав е одличен. Имаме млада екипа, доста помлада од минатата сезона. На 20 јули почнавме со подготовки, напорно тренираме и се надевам на повторување на ланскиот успех”, – изјави Мартин Јовановски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести